Азербејџан и Ерменија договорија привремено хуманитарно примирје

Азрбејџан и Ерменија договорија привремено хуманитарно примирје кое стапува во сила во полноќ на 18 октомври, по локално време, јави агенцијата Анадолија.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека одлуката за привремено примирје во согласност со декларацијата на претседателите на земјите членки на Минск групата на ОБСЕ донесена на 1 октомври, со декларацијата на челниците на Минск групата на ОБСЕ донесена на 5 октомври и декларацијата од Москва од 10 октомври.

Ерменија и Азербејџан на преговорите во Москва договорија примирје од хуманитарни причини кое стапи во сила на 10 октомври во 12 часот, а чија цел беше размена на телата и затворениците во Нагорно-Карабах.

Ерменската војска неполни 24 часа од примирјето изведе напад врз градот Генџе, во Азербејџан, во кој загинаа десет лица, а 35 се ранети.

Во нападот на ерменските сили врз цивилите во Тартар изведен на 15 октомври, загинаа четири лица, а а четири се ранети.

Според Анадолија, денеска врз Генџе е извршен нов напад во кој загинаа 13 цивили, а повеќе од 50 се ранети.

Back to top button
Close