Азир Алиу се спомнува за министер за здравство – тој не негира, туку вели дека сѐ уште нема ништо официјално

Испразнетото министерско место во Министерството за здравство ќе го пополни кадар на АА, од оние кои останаа во ВРЕДИ. ТВ21 од неофицијални извори дознава дека Азир Алиу е името кое се спомнува за министер за здравство. Го контактиравме по телефон, но тој не сакаше да даде многу детали.

-Се уште нема ништо официјално! Не можам да потврдам ниту да негирам дека ќе бидам назначен за министер за здравство. Не сакам да ја дефокусирам јавноста, следниве денови ќе има потврда, изјави Азир Алиу.

Алиу е една од личностите што не го следеа Арбен Таравари, кој одлучи да ја напушти Владата. Алиу изјави дека следењето на патот на Таравари и повлекувањето во овој момент би значело само давање простор на, како што вели, за рехабилитација на старите структури на ДУИ. Азир Алиу е виден на заедничката фотографија од средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, каде што беше присутен и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој исто така одлучи да остане во Владата и да не го следи Таравари. Несогласувајќи се со сите овие случувања, пратеникот на AА, Салим Сулејмани, поднесе оставка од својот мандат.

-Доближувањето до ДУИ во пресрет на локалните избори донесе сериозно отстапување од принципите на кои бевме посветени. Оваа политичка соработка е прекршување на нашите ветувања и претставувањето што го заслужуваат албанските граѓани. Оваа постапка е неприфатлива за мене, бидејќи не можам да бидам дел од сојуз што е составен од тесни политички интереси и со луѓе споменати на меѓународни црни листи поради вмешаност во сериозни афери, вели Салим Сулејмани, пратеник на АА/ВРЕДИ.

Оставката на Сулејмани отстапува место за следното име на листата, а тоа е Валбона Адили Емини, дел од Движењето Беса од коалицијата ВРЕДИ. Ова ја става АА на Таравари во опасност да не може да формира пратеничка група, бидејќи остануваат само 4 пратеници од 5-те што се потребни за формирање пратеничка група.

Back to top button
Close