Јазот меѓу општините со најголем и најмал одзив во 15 часот е поголем споредено со изборите во 2021

Пласница, според податоците за излезноста до 15 часот на првиот круг од претседателските избори, е општината со најниска излезност. Само 12,57% од запишаните избирачи, на обработени 99,91 од податоците, решиле да го остварат гласачкото право.

И на последните избори кои се одржаа на територијата на цела држава, првиот круг на локалните во 2021 година, Пласница имаше една од најниските излезености на крајот на изборниот ден. Но, барем во 15 часот, таа не беше меѓу 10-те општини со најнизок одзив, што значи дека имала повисок процент на излезеност.

И не е само Пласница. Во Центар Жупа, како што покажува долниот графикон, во 2021 година во 15 часот имало одзив од 19,1%. Одзивот од 2021 е обележан со сина боја. А со портокалова е обележан одзивот на денешните претседателски избори кој изнесува 6 процентни поени помалку – само 13,11%. Иако со помали разлики, слична е состојбата и во другите општини каде денеска има најниска излезеност – Маврово и Ростуше, Студеничани, Врапчиште… Во сите овие општини, во 2021 година, имало поголем одзив до 15 часот.

според податоци на интернет страницта на Државната изборна комисија за одзив до 15 часот.

Од друга страна, ако се споредат бројките од општините каде на денешните избори има највисок одзив, се забележува дека, со мали исклучоци, одзивот е поголем од минатите избори (првиот круг од локалните во 2021 година).

На пример, во Крива Паланка одзивот на овие избори до 15 часот е повисок за околу 3 процентни поени. Во Демир Капија за 1 процентен поен. Во Пробиштип и за повеќе процентни поени, ако се знае дека оваа општина не била меѓу 15-те со највисок одзив до 15 часот во 2021 година, а 15-тата општина со највисок одзив тогаш имала 44,16%. Исклучок е Новаци, кој и на изборите во 2021 и сега има највисока излезеност, но сега е пониска за 1,5 процентни поени.

според податоци на интернет страницта на Државната изборна комисија за одзив до 15 часот.

На крај, на минатите избори, јазот меѓу општината со највисок одзив во 15 часот (Новаци – 59,16%) и општината со најнизок одзив (Центар Жупа – 19,1%) изнесуваше околу 40 процентни поени.

На денешните избори, во 15 часот, јазот меѓу општината со највисок одзив во 15 часот (Новаци – 57,69%) и општината со најнизок одзив (Пласница – 12,57%) изнесуваше околу 45 процентни поени.

Back to top button
Close