Бјер: Без уставни измени, нема преговори со ЕУ за Северна Македонија
Без уставни измени, нема преговори со ЕУ за Северна Македонија
Ова го истакна данската министерка за европски прашања, Мари Бјер, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), јави БГНЕС.
Бјер додаде дека, по исполнување на условите, претседателството е подготвено да ја закаже следната меѓувладина конференција и отворање на првите преговарачки кластери.
На 1 јули, Данска го презеде шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ.