БЈУТИФУЛ КАНТРИ

Мачно е кога гледаш дека и оваа, последнава трагедија со прегазувањето на 22-годишната девојка на еден од најпрометните булевари во Скопје се користи за политика. Паметиме многу трагедии од осамостојувањето досега. Фросина е само последна жртва во низата прегазени на пешачки премин, на зелено светло на семафор. Ни гореа пациенти во болница, ни гинеа патници во автобуси, ни се случуваа авионски несреќи, ни гинеа војници и полицајци во хеликоптерски несреќи, еден претседател ни загина во авионска несреќа, друг преживеа атентат… И после секоја таква трагедија сведочевме дека првиот рефлекс на партиите беше да се зграпчи несреќата и да се искористи за политички поени.

Јаз’к да им се тие политички поени.

На секоја власт досега ѝ се случувале трагедии, а реакцијата, за жал, им е иста. Затоа трагедиите и ни се повторуваат.

Одговорна власт, не само сегашнава туку и која било пред неа, не само оваа трагедија туку и кои било претходно, би ги искористила за да преземе сѐ што е можно да се избегнат несреќите и да ни го поправи квалитетот на живот. Ако ништо друго, барем лекциите да ги научеа од секоја претходна несреќа.

Колку е сурово ова брутално искористување на личната трагедија на семејството на прегазената девојка, покажува тоа што и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ се докажуваа на прес-конференции и во соопштенија чија била судијката што не пресудила затвор за убиецот на Фросина кога претходно го осудила за дилање дрога. Онака ладно си се обвинуваа дека судијката е од тефтерчето на политичкиот противник. Не се обидуваат ни да глумат политичка коректност. Бесрамно кажуваат дека имаат тефтерчиња. И дека така ги бираат кадрите. Дека тоа не е јавна тајна. Туку – сосема нормално, нема што да се крие.

Нема значение дали некој е добар или лош судија, исто како што нема значение дали некој е добар или лош доктор, наставник, глумец, играорец… Не правиме веќе муабет дали некој е добар или лош, дилетант или професионалец, чесен или измамник, туку – од чие тефтерче е. И така им го уништуваат личниот интегритетот и на најдобрите што можеби ги имаат во тефтерчињата.

Целата колумнаа на Горан Михајловски на сдк мк

Back to top button
Close