Бајден ја оцени смртта на лидерот на Хезболах како „мерка за правда“, но повика на деескалација

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја опиша смртта на лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах, како „мерка за правда за неговите многубројни жртви“, велејќи оти меѓу нив се вклучени илјадници американски, израелски и либански цивили.

Американскиот претседател истовремено повика на деескалација на конфликтите на Блискиот Исток и рече дека му наредил на Пентагон да ја зајакне одбранбената положба на американските воени сили во регионот за да спречи ескалација на конфликтот и да го намали ризикот од поширока регионална војна.

Хезболах ја потврди смртта на својот лидер
Додаде дека САД се обидуваат да ги деескалираат актуелните конфликти во Газа и Либан преку дипломатски средства и работат на договор за прекин на огнот и враќање на луѓето во нивните домови.

Во изјавата, Бајден додаде оти САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од Хезболах, Хамас, Хути и „секоја друга терористичка група поддржана од Иран“.

Back to top button
Close