Бајден ја прифати претседателската номинација на демократите во САД

– На последниот ден од четиридневната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на демократите, пренесува Си-Ен-Ен.

Во говорот во Делавер, Бајден кажа дека „обединети можеме и ќе го надминеме овој мрачен период во Америка“.

-Актуелниот претседател одамна ги втурна САД во темнина, кажа претседателскиот кандидат во своето воведно обраќање, осврнувајќи се на политиките на Доналд Трамп.

Според него, во политиките на Трамп имало премногу гнев, премногу страв, премногу поделба.

-Еве и сега тука ви го давам мојот збор- ако ми го доверите лидеерството ќе Ве водам во најдоброто од нас, а не до најлошото. Јас ќе бидам сојузник на светлината, а не на темнината. Време е да се обединиме, додаде тој, истакнувајќи дека ако Трамп биде реизбран, „тоа ќе биде истото тоа што го доживеавме во изминатите четири години“, и притоа ги запраша Американците дали го сакаат тоа за своите деца.

Според Бајден, Трамп не презема никаква одговорност и го запали пламенот на омразата и поделбата.

-Дали ова се САД што ги сакате вие, за вашето семејство, за вашите деца?, праша Бајден. Ги гледам поинаку: дарежлив и силен, несебичен и смирен. Заедно можеме да ја обновиме Америка, додаде тој.

Бајден подоцна, во еден дел од својот говор за прифаќање на кандидатурата, му се заблагодари на поранешниот претседател Барак Обама.

-Вие бевте одличен претседател, кажа претседателскиот кандидатот.

Бајден, кој помина два термина со Обама, рече дека децата можат да му се восхитуваат, додавајќи дека не можеле да го сторат тоа со Трамп.

-Претседател на кој нашите деца можеа и му се восхитуваа. Никој нема да го каже тоа за сегашниот окупатор на Белата куќа, рече тој.

На говорот на Бајден му претходеше видео со кое се разгледуваше животот и кариерата на поранешниот потпретседател, истакнувајќи ја неговата улога како татко, сопруг и политички лидер. сд/

Back to top button
Close