Бајден ќе ги претстави утре своите насоки за надворешната политика на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден утре ќе има обраќање во кое ќе ја претстави својата визија за надворешната политика на САД. Тоа го јави Ен-Би-Си повикувајќи се на извор од американската администрација.

Според ТВ-каналот, обраќањето ќе биде направено за време на претходно најавената посета на американскиот Стејт департмент, каде Бајден треба да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен.

Покрај тоа, претседателот на САД планира да потпише голем број ѕјази поврзани со надворешната политика, вклучително и документ за формирање работна група за повторно обединување на семејствата мигранти разделени во време на претходниот претседател Доналд Трамп.

Back to top button
Close