Бајден: Ќе ги зголемам даноците за оние што заработуваат над 400 илјади долари годишно 

Претседателскиот кандидат од демократите, Џо Бајден, изјави дека во случај да стане претседател, ќе ги зголеми даноците за оние што зааработуваат над 400 илјади американски долари годишно, а за тие со помала плата нема да има нови даноци. 

-Ги зголемивам даноците за оние што заработуваат 400 илјади долари. Зошто? Затоа што дојде време тие да почнат да го плаќаат својот удел од економските обврски што го имаат. Никого не казнувам. Богатите треба да го внесуваат својот праведен удел, корпорациите треба да го внесуваат својот удел, изјави Бајден синоќа во интервју за Еј-би-си.  

На прашањето дали ќе воведе нови даноци за оние со плата помала од 400 илјади долари годишно, тој одговори со „нема потреба“. 

Ова е прво интервју на Бајден од позиција кандидат за претседател на САД. Во него тој исто така го искритикува својот конкурент, актуелниот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „неподобен“ да ја врши фуннкцијата. Според него, шефот на државата одбегнал да се справи и да најде решение на проблемот со Ковид-19.  

Во заднината на пандемијата Бајден има намера да победи на изборите без водење класична кампања со патувања по земјата и масовни собири на свои приврзаници. Изборите се на 3 ноември. Според досегашните анкети, Бајден е во мала предност од Трамп. Тој ја избра Камала Харис за свој потпретседател, која исто така учествуваше во интервјуто. 

Трамп неделава се очекува да биде формално номиниран за претседателски кандидат од Републиканската партија. 

Back to top button
Close