Бајден е опериран од рак на кожа

Биопсијата на американскиот претседател Џо Бајден во февруари потврди дека тој има карцином на базалните клетки, а целото канцерогено ткиво е успешно отстрането, објави денеска лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор, пренесе Ројтерс.

Бајден ќе продолжи со дерматолошкиот мониторинг како дел од тековната здравствена заштита, но местото на биопсија е заздравено и не е потребен дополнителен третман, додаде О’Конор.

Минатиот месец по лекарски преглед беше потврдено дека Бајден (80) е здрав и „способен да ги извршува своите обврски“.

Back to top button
Close