Бајден ќе се сретне со американските преговарачи за Појасот Газа
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе разговара со американските преговарачи за да извршат притисок за постигнување договор за ослободување на заложниците во војната помеѓу Израел и Хамас.
Разговорот ќе се одржи по смртта на шестмина заробеници во Појасот Газа, вклучително и еден американски државјанин.
На средбата ќе присуствува и потпретседателката и претседателски кандидат Камала Харис.
САД, заедно со посредници од Египет и од Катар со месеци вршат притисок за размена на заложници и затвореници и прекин на огнот во војната во Појасот Газа