Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета пред погребот


Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора, еден ден пред нејзиниот државен погреб, појавувајќи се на балконот на Вестминстерската сала додека редица луѓе поминуваа покрај нејзиниот ковчег.

Бајден е еден од многуте државници и членови на кралски семејства од цела Европа, Азија, Африка и Америка кои ќе присуствуваат на погребот во понеделник.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст.

Американскиот претседател подоцна ќе му се придружи на британскиот крал Чарлс Трети и други светски лидери на приемот пред погребот.

„Нејзиното наследство ќе биде напишано со големи букви на страниците на британската историја и во приказната за нашиот свет”, истакна Бајден во пораката со сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета.

Бајден беше еден од 14-те американски претседатели за време на 70-годишното владеење на британската кралица Елизабета.

Back to top button
Close