Бајден избира меѓу Камала Харис и Сузан Рајс за потпретседателка на САД

Блиски соработници на Џо Бајден сметаат дека неговиот избор за потпретседател на САД се ограничил до имињата на Камала Харис и Сузан Рајс, и дека би било изненадување ако тој избере некој друг, јави денеска Аксиос. 

Кампањата на Бајден, речиси сигурен претседателски кандидат на Демократската партија за изборитев во ноември, е ставена во методолошка рамка, се завршува со ветингот, се гледаат интерните анкетни резултати за потенцијалните кандидати, и се прават интервјуа со нив во четири очи, велат извори за сајтот. 

Камала Харис е демократска членка на Сенатот од Калифорнија, која учествуваше во трката за номинација претседателски кандидат. Сузан Рајс пак, е поранешна амбасадорка на САД во ОН, а од 2009 до 2013 година работела како советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама. 

На трето место за можен партнер на Бајден е конгресменката од Калифорнија, Карен Бас, која имала привлечен ден на ТВ настапите во неделата, откако се дознало за нејзините погледи кон Куба и скиентологијата, јави Aксиос.  

Back to top button
Close