Бајден му возврати на Трамп: Јас сум стар, но тој е ѓубре!
Американскиот претседател Џо Бајден му одговори на Доналд Трамп на синоќешниот митинг во Мериленд, нарекувајќи го „ѓубре“!
Бајден и американскиот потпретседател Камала Харис, за време на нивната заедничка кампања синоќа, беа прекинати од пропалестински поддржувачи кои упаднаа на настанот!
Демонстрантите упаднаа на конвенцијата во Мериленд, каде што поддржувачите на демократите му аплаудираа на претседателот и извикуваа „Ти благодарам, Џо!“.
Иако му беше непријатно, Бајден го продолжи говорот, дури и се пошегува. 81-годишниот американски претседател алудираше на неговата возраст.
„Во Сенатот сум 270 години. Почнав кога бев многу млад. Сега сум навистина стар, по ѓаволите, рече Џо Бајден, кој притоа возврати на прозивките на републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп.
„Тој не е Доналд Трамп, туку Доналд Дамп (ѓубре)“, рече Бајден.
Ден претходно на митинг во Мериленд, Доналд Трамп ја навреди и Камала Харис и правеше шеги на сметка на Бајден.