Бајден, најстариот американски претседател, го прослави својот 79-ти роденден

– Џо Бајден, најстариот американски претседател на должност, го прослави 79-тиот роденден во саботата, еден ден по медицинскиот извештај во кој се наведува дека е способен да ги води Соединетите Американски Држави.

Демократскиот претседател овој славенички викенд, заедно со семејството, престојува во Вилмингтон, неговата изборна единица, на 170 километри од главниот град Вашингтон, јавуваат американските медиуми.

„Среќен роденден на мојот пријател и брат“, му посака на Твитер Барак Обама, на кој Бајден осум години му беше потпретседател.

„Америка ви е благодарна за вашата сочувствителност, пристојност, патриотизам, лидерство и амбиција“, рече претседателката на Демократскиот дом, Ненси Пелоси.

Back to top button
Close