Бајден не размислува за затворање на САД поради Ковид-19
Шефот на советодавниот одбор на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, Вивек Марти изјави денеска дека не постои план за затворање на земјата и оти пристапот на новата администрација ќе биде насочен кон одредени области.
Марти рече дека лекарите научиле многу за тоа како се шири вирусот и кои чекори за намалување на ризикот се ефикасни.
– Не сме во ситуација целата земја да биде затворена, изјави Марти во интервју за Еј-Би-Си додавајќи дека сега можат да имаат „насочен пристап“.