Бајден оптимист дека може да го победи ракот

Две недели откако откри дека има дијагноза за рак на простата, поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека е оптимист за своето закрепнување, пренесува ДПА.

epa11244946 US President Joe Biden delivers remarks on the collapse of the Francis Scott Key Bridge in Baltimore, from the Roosevelt Room of the White House in Washington, DC, USA, 26 March 2024. EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

-Сите луѓе околу мене се многу оптимисти, изјави Бајден пред новинарите на настан на кој се појави во неговата држава Делавер, потврдувајќи дека започнал со лекување.

„Моето очекување е дека ќе можеме да го победиме ова“, рече 82-годишниот поранешен американски претседател за болеста.

Бајден спомена дека моментално зема „пилула“, но не даде дополнителни детали за неговото лекување.

Неговиот кабинет ја објави дијагнозата на 18 мај, наведувајќи дека станува збор за поагресивна и напредна, но лечива форма на болеста.

Бајден ја напушти функцијата во јануари како најстариот претседател во историјата на САД. Првично планираше повторно да се кандидира за демократите на изборите во 2024 година, но за време на кампањата доживеа чести падови и во дебатата имаше катастрофален настап против републиканецот Доналд Трамп, што ги покрена сè поголеми сомнежи за неговата физичка и ментална подготвеност.

Дебатата за неговата состојба на крајот го наведе Бајден да се повлече од трката. Наместо тоа, неговата потпретседателка, Камала Харис, се кандидираше за функцијата, но ги загуби изборите од Трамп, потсетува ДПА.

Back to top button
Close