Бајден победи на внатрепартиските избори во Порторико

Џо Бајден ноќеска победи на внатрепартиските избори кај демократите во Порторико, со што постигна доволно победи и официјално да стане демократски претседателски кандидат за изборите во ноември во САД.

Бајден на гласачкото ливче се соочи со седум противкандидати, но сите испаднаа од трката, пренесуваат американските медиуми.

Изборите што се одржаа ноќеска беа закажани за март, но беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Порториканците се државјани на САД, но не можат да гласаат на општите избори во ноември. И демократите и републиканците, меѓутоа, ги канат делегатите од оваа американска територија на нивните политички конвенции.

Back to top button
Close