Бајден се закани: Ако ме изберат за претседател Русија нема да може да се меша во изборите

Кандидатот на Демократската партија за американски претседател, Џо Бајден, изјави дека нема да толерира мешање од Русија или која било друга земја во изборите во неговата земја.

„Јас го предупредувам Кремљ и другите странски влади: доколку бидам избран за претседател ќе сметам дека странското мешање во нашите избори е акт на непријателство што значително ќе влијае врз односите меѓу САД и владите што тоа ќе го сторат“, се наведува во соопштението на неговиот изборен штаб.

Според Бајден, за време на неговото претседателство, специјалните служби ќе ја известуваат јавноста за странското мешање, додека администрацијата ќе ги користи сите инструменти „да ги натера овие земји да платат“ за тоа што сакаат да го сторат“.

“Цената ќе биде: санкции против финансискиот сектор, замрзнување на средствата, одговор на кибер нападите и откривање на корупцијата. Може да се преземат широк спектар на други активности, во зависност од природата на нападот (врз САД)”, се вели во соопштението на Бајден.

“Не сакам да предизвикам ескалација на тензиите со Русија или која било друга земја. Јас повеќе би ја користел енергијата на администрацијата за обединување на меѓународната заедница во борбата против Ковид-19 и економските проблеми што ги предизвика, како и да се борам против други меѓународни проблеми. Меѓутоа, ако некоја сила невнимателно одлучи да се вмеша во нашата демократија, јас, како претседател, без двоумење ќе го натерам да плати за тоа “, додаде Бајден.

Back to top button
Close