Бајден: Вакцинацијата во САД нема да биде задолжителна

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 во САД нема да биде задолжителна и Американците нема да бидат принудени да примат вакцина.

Истовремено, Националниот центар за контрола и превенција на болести апелираше задолжително да се носат заштитни маски на отворено и предупреди дека САД „се влезени во фаза на висока трансмисија” на вирусот.

Во изминатите 24 часа во САД се потврдени речиси 225.000 нови случаи на Ковид-19 и над 2.500 починати.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани 14,3 милиони заразени и 278.000 смртни случаи од коронавирусот.

Back to top button
Close