Бајден жестоко го нападна Врховниот суд: Оваа нација е основана на принципите дека нема кралеви во Америка

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше одлуката на Врховниот суд, кој вчера пресуди дека поранешниот претседател Доналд Трамп може да ужива имунитет од кривично гонење за одредени дејствија што ги презел за време на неговиот мандат со цел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Врховниот суд оцени дека Трамп не може да биде гонет за оние дејствија што ги направил, а кои биле во согласност со неговите уставни овластувања како претседател, но може да се гони за неговите приватни дејствија.

„Оваа нација е основана на принципите дека нема кралеви во Америка. Оваа одлука фундаментално го менува тоа. Сега човекот што ја испрати толпата во Капитол се соочува со криминална осуда за она што се случи тој ден. Американскиот народ го заслужува одговорот на судовите пред претстојните избори, а поради оваа ваквата одлука, тоа е сега многу, многу малку веројатно. Ова е страшна противуслуга за американскиот народ“изјави Бајден.

Бајден (81) се кандидираше за нов четиригодишен претседателски мандат на изборите што ќе се одржат во ноември, а противкандидат ќе му биде Трамп, исто како и на изборите четири години претходно.

И во неговата досегашна кампања, Бајден жестоко го напаѓаше Трамп за неговата улога во немирите на 6 јануари 2021 година, кога голем број поддржувачи на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, верувајќи во лажните тврдења на Трамп дека тој е победник на изборите во 2020 година.

Врховниот суд на САД вчера пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со тоа намалувајќи ја веројатноста федералната кривична постапка против Доналд Трамп да продолжи пред изборите во 2024 година.

Како што пренесе Ројтерс, поранешниот американски претседател и овогодишен републикански кандидат за претседател Доналд Трамп не може да биде кривично гонет за службени дејствија како претседател, туку може да биде гонет за приватни дела. Според пишувањата, ова е значајна одлука со која по првпат се признава каква било форма на претседателски имунитет од гонење.

„Заклучуваме дека, според нашата уставна структура за поделба на власта, природата на претседателската власт бара поранешниот претседател да ужива одреден имунитет од гонење за службени дејствија за време на неговиот мандат“,напиша главниот судија Џон Робертс во објаснувањето.

Трамп ја поздрави пресудата во објава на социјалните мрежи:

„Голема победа за нашиот Устав и демократија. Горд сум што сум Американец“,

 

Back to top button
Close