Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба

Во Парламентот на Франција започна вонредна седница, за време на која ќе се одржи гласање за доверба на премиерот Франсоа Бајру, што е веќе третпат за една година.

Бајру го свика гласањето, со што заврши летната пауза на пратениците и побара од нив да ги поддржат неговите планови за намалување на јавниот долг.

Бајру беше назначен за премиер од францускиот претседател Емануел Макрон во декември лани, и ако пратениците гласаат против него, тој ќе мора да поднесе оставка од владата.

Пратениците ќе гласаат по говорот на Бајру, а можат и да се воздржат.

Макрон го распушти Парламентот во јуни минатата година и свика избори кои завршија без доминантна коалиција на чело за прв пат од основањето на Француската Република.

Во парламентот има повеќе од 320 пратеници од крајно левичарските и крајно десничарските партии кои рекоа дека ќе гласаат против владата на Бајру, која е поддржана од 210 центристи и сојузнички конзервативци.

Бајру вчера ја изрази својата загриженост за поврзаноста на пратениците со спротивставени идеолошки ставови против него – левицата и десницата.

Back to top button
Close