Баерн направи уште еден исчекор кон нов шампионски трофеј

Фудбалерите на Баерн Минхен сигурно чекорат кон нов трофеј во Бундеслигата. Баварците попладнево успешно го поминаа гостувањето во Леверкузен совладувајќи го Баер.

Гостинска победа забележа и Мајнц, додека другите две саботни попладневни средби од 30. коло завршија без победник.

Резултати:
Баер Леверкузен – Баерн Минхен 2:4
Ајнтрахт Франкфурт – Мајнц 0:2
Фортуна Дизелдорф – Хофенхајм 2:2
Лајпциг – Падерборн 1:1.

Од 18:30 часот играат Борусија Дортмунд – Херта.

Лидер е Баерн со 70 бода, Борусија Дортмунд има 60, Лајпциг 59, Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен по 56,…

Back to top button
Close