Баерн почна преговори за нов договор со Мусиала

Раководството на Баерн Минхен почна преговори за нов договор со фудбалерот од средниот ред Џамал Мусиала, објави денеска весникот Спорт Билд.
Според истиот извор, членот на управата на Баерн, Макс Еберл и спортскиот директор Кристоф Фројнд неодамна имале средба со 21-годишната германска ѕвезда и неговиот агент во ресторан за да разговараат за иднината на Мусиала, чиј договор е до 2026 година.
Германскиот весник тврди дека на Мусиала му било кажано дека во него клупското раководство гледа наследник на Томас Милер и оти ќе биде искористен како заштитно лице на клубот на меѓународниот пазар на реклами.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close