Баерн сака гласање за „Златната топка“

Баерн (Минхен) ќе побара од ФИФА да организира гласање за „Златната топка“ затоа што смета дека стрелецот на тимот, Роберт Левандовски заслужува да ја освои.

Од „Франс Фудбал“ неодамна објавија дека нема да ја доделат оваа година нагрдата поради хаосот околу суспензијата на првенствата поради коронавирусот.

Сепак, напаѓачот постигна 51 гол на 43 натпревари на сите турнири, што го рангира меѓу фаворитите.

– Роберт можеби ја имаше најсилната сезона во својата кариера. Сепак, не мислам дека е фер да нема гласање. Веројатно ќе треба повторно да разговараме со ФИФА, бидејќи од топ првенствата беше запрено само тоа во Франција. Ќе видиме … Можеби ќе разговараме со претседателот Џани Инфантино за можноста за организирање на гласање, изјави шефот на баварците, Карл-Хајнц Румениге.

Лева дури може да заврши со уште повеќе голови, затоа што Баерн ќе игра во Лигата на шампионите.

Back to top button
Close