Баерн треба да си ја обезбеди титулата уште оваа недела, изјави Флик

 Тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик сака неговите играчи да ја обезбедат титулата во Бундеслигата утре кога екипата гостува кај Вердер Бремен.

Баварците имаат седум бода предност пред второпласираната Борусија Дортмунд. При победата над Вердер, кој се бори за опстанок, тимот од Минхен ќе ја обезбеди својата осма последователна титула и 30-та во историјата на клубот.

– Целта е да се победи во Бремен. Сакаме да ја обезбедиме титулата. Ние сме во одлична серија и сакаме да ја продолжиме победничката низа, рече Флик.

По рестартирањето на првенството, Баерн е повеќе од убедлив. Баварците ги освоија сите шест натпревари во лигата, постигнувајќи 19 гола и примија 5.

Тие се квалификуваа и за финалето на Купот на Германија, каде ќе се соочат со Баер Леверкузен на 4 јули.

Back to top button
Close