Багер и шатори поставени пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата ги блокирала сите приоди

Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско,  пред неа e поставен шатор а донесен бил багер, објави српски Телеграф.

Се уште нема официјални информации зошто е донесен багер, но дополнително затворени се сите приоди а полицијата ќе ги проверува шахтите околу домот на семејството.

2-годишната Данка исчезна во моментот кога нејзината мајка му давала вода на друго дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата и била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Abber Alert наречен „Најди ме“.

Back to top button
Close