Багерите се повлечени од Кожуф, објавија активистите за спас на Дошница

 

Приватната фирма која изнајмувала машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла, објавија денеска активистите за спас на Дошница.

„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, велат од групата „Спас на Дошница“.

Но, битката не е завршена. Сега гледаме право во очи на ЈЕС ДООЕЛ – Хидро Дошница: Повлечете се, или народот ќе ве повлече! Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола! Државата не е ваша приватна играчка, реките не се ваша стока, а народот не е ваше робје. НИЕ НЕ СЕ ТРГНУВАМЕ, НИТУ ОТСТАПУВАМЕ. Ќе стоиме ДО КРАЈ, со глас, со тело и со срце! Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа!“, велат активистите во објавата.

 

 

Back to top button
Close