Бахреин и Кувајт презедоа вонредни мерки по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран

Бахреин, каде што се наоѓа регионална база на Централната команда на САД, имплементираше план за далечинска работа за 70 проценти од своите државни службеници и ја повика јавноста да ги користи главните патишта само кога е потребно, објави „Нешнел“.

„Поради неодамнешните случувања и ситуацијата во регионот, ги повикуваме граѓаните да ги користат главните патишта само кога е потребно за да се одржи јавната безбедност и да им се овозможи на надлежните органи ефикасно да ги користат патиштата“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Министерството за финансии на Кувајт соопшти дека го активирало својот план за итен одговор за да се обезбеди континуитет на финансиските операции.

Во таа држава има голема американска база која обезбедува логистика за американските воени операции во регионот. Мерките вклучуваат подготовка на засолништа во зградите на министерскиот комплекс, во кои може да се сместат околу 900 луѓе.

Иран веќе се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот ако Вашингтон интервенира на страната на Израел.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close