Бахреин втор во светот издаде дозвола за вакцината на Фајзер

Кралството Бахреин е втора земја во светот што издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек.

Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, јави денеска државната новинска агенција на Бахреин.

Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата.

Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба на кинеската вакцина што ја разви Синофарм.

Вакцината што ја развија американската компанија Фајзер и германската компанија БиоНTек, прва во средата ја одобри Велика Британија

Back to top button
Close