„Балетски бисери“ во Националната опера и балет

 Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведен балетскиот концерт „Балетски бисери“. На концертот ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Од НОБ информираат дека на овој балетски концерт ќе бидат опфатени најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн.

Настанот ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за заштита од  Ковид-19, со  задолжително носење заштитна маска.

Back to top button
Close