Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ во Охрид

Во организација на охридското Здружението за култура и литература „Мацково”, во Охрид се одржува четвртиот по ред Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ со учество на млади автори од Северна Македонија, Украина, Бугарија, Албанија и Хрватска.

Учесниците на кампот денеска активностите ќе ги започнат со посета и полагање цвеќе на вечното почивалиште на родоначалникот на македонската литература за деца Ванчо Николески, а потоа продолжуваат со Поетската работилница, под водство на украинската писателка, поет, драматург и преведувач Ана Багрјана.

Таа е поранешен сеÐ �ретар на Националниот сојуз на писателите на Украина за работа со млади автори и главен уредник на списанието „Гранословие“. Преведува од словенски јазици. Составувач и преведувач е на „Антологија на современата поезија на Македонија“ на украински јазик.

Попладне, во Културниот центар 365 во старото градско јадро на Охрид, учесниците на Кампот ќе присуствуваат на промоција на две поетски збирки – од Димче Шипинкароски и Веле Митаноски.

Вечерта, пак, тие ќе присуствуваат на две манифестации во рамки на „Струшките вечери на поезијата” – , Ин Мемориам: Радован Павловски и предавањето на поетскиот портрет на лауреатот на Златниот венец, јапонскиот поет Шунтаро Таникава.

Големо внимание на вчерашното свечено отворање на Кампот предизвика поетесата од Украина, Оксана Чернеева, која пишува на украински и бугарски јазик и која ја прочита песната „Галеб“, при што поздравена со голем аплауз од присутните, како чин на солидарност со украинскиот народ.

Ваквата солидарност ја нагласи и претседателот Стево Пендаровски, кој во Посланието до учесниците, оцени дека учеството на автори од Украина и со украинско потекло, „уште еднаш ја покажуваат нашата солидарност со народот на Украина во овие најтешки мигови од нивната понова, а и историјата на Европа.

Слични пораки пристигнаа и од покровителот на манифестацијата Светската академија на поезијата при УНЕСКО со седиште во Равена, чиј генералниот секретар, д-р Лаура Троиси оцени дела Балканскиот поетски камп претставува „пријателска и креативна средба, која треба да послужи како пример за сите луѓе со добра волја, писатели и други балкански уметници, кои преку размена на своите идеи и креативни резултати, го потврдуваат сопствениот јазик и литература, овозможуваат и нумерички помалите нации, да бидат попознати и почитувани“.

На утрешниот последен ден на Кампот, учесниците ќе го минат во родното место на Ванчо Николески, селото Црвена Вода на паданите на Караорман, каде ќе ја посетат неговата родната куќа и Спомен собата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close