Балкоски: Со започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија ја продолжуваме и остваруваме носечката идеја

 

Гоце Делчев ја имаше идејата за светот како културен натпревар меѓу народите.

Со започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија ја продолжуваме и остваруваме носечката идеја. А што направи ДПМНЕ во период од 11 години? Ја блокираше Македонија во евроинтеграциите со што за сите соседи станавме проблем во регионот.

Љубчо Георгиевски претседател на ВМРО-Народна партија и основач и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за што сегашното ДПМНЕ безуспешно сака да ги избрише тие факти, од самиот почеток ја дефинира и промовира цврстата и јасна определба, Македонија држава членка на НАТО и Европската Унија.

На едни од изминатите избори настапувавме со мотото Направи Разлика.

Ги повикувам членовите на ВМРО да „Направат Разлика“ во демократичноста и напредните идеи на ВМРО од лидерот Љубчо Георгиевски и ретроградноста и деструктивноста во раководењето на таа партијата од другите 2 административни претседатели.

 

 

 

Back to top button
Close