БАНКА

Во пет точки според важност на одлуките                                                                                  

Дали Народна Банка постапила исправно во случајот на Еуростандард Банка?                 

Нема никакво сомнение. Постапила исправно, професионално и без никакви задршки. Како што и треба.

 

Дали постои само етичка одговорност на министерот за повлекување на депозитите “навреме“?

Тоа е дискутабилно. Односно за етичката одговорност нема никакви дилеми дека постои. Но, прашањето е дали постои и друг вид на одговорност, поточно кривична одговорност. Сомнежот е сериозно присутен. Во овој случај, искористени се инсајдерски информации како член на Комисијата за финансиска стабилност. Во нормалните држави инсајдерството е сериозен прекршок до кривична одговорност. Кај нас, како и многу други работи, инсајдерството нема таков третман. Затоа и врие од инсајдерски информации по хоризонтала и вертикала низ целиот финансиско-банкарски систем.

Втор момент, кој е  многу битен, кои се останатите членови на Комисијата? И дали и тие имале депозити, било како физички лица или правни субјекти и заемно поврзани субјекти? Ако има, тоа е исто искористување на инсајдерските информации. Но, учеството и на кредитната страна во вид на добиени кредити и други поволни трансакции е исто така сериозен прекршок и тоа не само етички. Тоа е тргување со влијание. Исто така, кај нас врие од тргувања со влијание на сите нивоа. Затоа еден милион граѓани се занимава со политика дневно или сака да биде дел од оперативната политика.

 

Дали може да има сериозно влијание врз стабилноста на банкарскиот сектор  и депозитие?

 

Апсолутно не. Се работи за мала банка која произведува повеќе  медиумски интерест одколку потенцијално влијание.  Вкупната депозитна база на банката практично не значи ништо во однос на пет плус милијарди евра депозитна база на банкарскиот сектор. Државата има депозитна банкарска база колку една Шведска. Објективно, депозитната база ја демнат многу други темни облаци кои не зависат од монетарната политика или банкарскиот сектор, поточно управувањето со банкарскиот сектор. Тоа е економско-финансиската состојба на државата предизвикана од овој непредвидлив смарт вирус. За среќа и од добро сработеното во изминатиов период, државата има многу добра еко.-финансиска подршка од Брисел. За прв пат сериозна подршка од независноста на државата. Но тоа е друга тема.

 

Дали државата требала да интервенира во спасувањето на банката?

Не мислам дека требала да интервенира. Во мојата професионална пракса во државата и во регионот, имам видено толку многу политичко-матни тргувања со влијание во таквите случки, што децидно не мислам дека државата требала да интервенира. Тоа на крајот секогаш завршува на грбот на даночните обврзници, а во корист на политичките трговци со влијание.

 

Независен ревизорски извештај

Во него пишува многу за тоа што се случило. И тоа последниве години. За жал, ретко кој ги чита и ги третира сериозно. Многумина одговорни за ваквите состојби, мислам дека дури и не ги разбираат. Знаете, сериозен инвеститор кога ќе ги прочита, ќе ја стави маската и ќе побегне како од смарт вирусов.

 

Руди Лазаревски

 

 

Back to top button
Close