Банкарска асоцијација: Граѓаните да не ги менуваат денарите во девизи, се работи за лажни вести и шпекулации

Македонската банкарска асоцијација (МБА) апелира до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести кои се присутни во овој период.

Од МБА велат дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните.

„Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво – велат од МБА.

Нагласуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и, како што посочуваат, како и во досегашниот период, има потенцијал за справување со шокови и за натамошна поддршка на компаниите и граѓаните.

 

 

Back to top button
Close