Банкарска асоцијација: Граѓаните да не ги менуваат денарите во девизи, се работи за лажни вести и шпекулации
Македонската банкарска асоцијација (МБА) апелира до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести кои се присутни во овој период.
Од МБА велат дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните.
„Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво – велат од МБА.
Нагласуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и, како што посочуваат, како и во досегашниот период, има потенцијал за справување со шокови и за натамошна поддршка на компаниите и граѓаните.