Банкрот Блуз Бенд се враќа со обработка на „Починка“ од Конески

После 30 години, легендарните „Банкрот блуз бенд“ – Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.

Направија обработка на песната „Починка“ од Конески, во нивен блузерски стил.

Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски – Тралала студио.

– Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна! – порачува бендот, а ние се радуваме на нивното враќање на сцената!

Back to top button
Close