Барањaтa за екстрадиција на Блерим Рамадани и на двајца осуденици во „Монструм“ – една од темите на разговор на Мицкоски и Курти

Барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, како и барањето на нашето Министерство за правда за екстрадиција од Косово на двајца осуденици во случајот „Монструм“, била една од темите на кои денеска премеирот Христијан Мицкоски разговарал со неговиот косовски колега, Албин Курти.

Двајцата премиери по денешната средба, во Владата на РСМ одржаа и заедничка прес-конференција, на која дел од новинарските прашања беа токму за екстрадициите.

 

Дискутирано е и за двете барања за екстрадиции и договорено е и разговорите да продолжат на ниво на министри за правда на двете држави, потврдија двајцата премиери.

 

„Дискутиравме за двете прашања, нашите министри за правда ќе бидат во постојан и директен контакт, сè ќе биде во правец на општата вредност која е заснована на уставот и законите, постапките и институционалните процедури во двете земји, но истотака и во рамките на добрососедските односи кои ние сакаме да ги негуваме. Случајот за двајцата бегалци истотака е покренат во Косово, како предмет сега е покренато во Специјалното јавно обвинителство на нашата држава, истотака и за лицето кое се наоѓа во домашен притвор, со барањето за екстрадиција и овој случај е разгледан. Се надевам дека двата случаи што побрзо ќе бдиат затворени, со цел и законите да бидат спроведени, но и нашите добрососедски односи да бидат запазени и да се негуваат“кажа Курти.

Премиерот Мицкоски потврди дека дискусиите ќе продолжат на ниво на министри. Тој посочи дека добрососедските односи треба да одат само во позитивен правец, а не „да уназадуваме“.

„Горе-долу премеирот Курти даде одговор на ова прашање. Би било бесмилено јас да ги повторувам истите зборови, но еве, во интерес на транспарентноста ќе повторам дека министрите за правда ќе продолжат да соработуваат не смао за овој случај, и за случајот ‘Монструм’ истотака, и очекуваме, како што кажав на самиот почеток, добрососедските, билатералните односи, да одат во позитивен правец, а не да уназадуваме. Напротив, oваа средба е порака дека сакаме да ги зголемуваме и да ги подобруваме односите меѓу двете влади“,кажа тој.

На поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал прво му беше одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој беше приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш беше префрлен во затворот Шутка во Скопје.

Пред два дена тој е пуштен во домашен притвор во Скопје каде ќе остане до 16 август.

Свечла за екстрадицијата на Рамадани: Нема да дозволиме трета земја да го отежнува движењето на нашите граѓани

Во однос на случајот со двајцата осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се товарат за кривичното дело „тероризам“, министерот за правда Игор Филков минатата недела кажа дека потпишал нивна екстрадиција и дека двете барања се доставени до косовското Министерство и се чека одговор. Тој оцени дека косовските власти немаат причина да не ги спроведат екстрадициите.

Back to top button
Close