Барбереев: Не е точно дека се брза со реформите во образованието
Сите реакции во врска со концепцијата мислам дека се должат на недоразбирање, истакна во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“ за реформите во образованието професорот на УГД, Кирил Барбарев, член на работната група за подотовка на концепцијата за основно образование.
„Мислам дека концепцијата стартуваше многу несреќно и наиде на многу негативни реакции, што е и разбирливо зашто се работи за чувствително прашање. Не е точно дека се брза со реформите. Во последните 20 години се направени многу анализи, констатирани се многу состојби. Работната група искрено се обиде да го направи она за што зборуваа многу колеги досега, а тоа од различни причини не се направило. Истражувањата, како тие од 2016/2017, даваат загрижувачки резултати. На пример, на математичкото прашање за 100 минус 53, само 21 отсто од учениците во второ и трето одделение одговориле точно, а стандардот е 80 отсто. Или – 216 минус 100, само 35 отсто одговориле точно“, рече Барбареев.
Тој истакна дека не станувало збор за фински модел во концепцијата, туку за консултација со повеќе образовни системи, користење научна и стручна литература, европски искуства, македонска практика…