Барди: Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди пред дуелот со Фарски Острови во Торшавн од 1.коло на Лигата на нациите, изјави дека сите се свесни што следи утре и направена е детална анализа за овој натпревар.
-Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу, изјави капитенот на прес-конференцијата пред дуелот.
Според него, репрезентативците не треба да бараат алиби и како и секогаш да бидат максимално фокусирани на својата игра.
-Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме, додаде Барди.