Барди: Сите ќе видат колку добар фудбал играме

Фудбалерот за врска во македонската репрезентација Енис Барди, за официјалната веб-страница на УЕФА изрази уверување за добар настап на на ЕВРО 2020.

– Се чинеше дека сме во бајка, докажавме дека имаме силен тим. Верувам дека сите ќе видат колку е добар фудбалот во нашата земја, истакна Барди.

Македонскиот национален тим попладнево со почеток во 18 часот се среќава со Австрија во својот дебитантски настап на едно големо натпреварување.

Back to top button
Close