Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди даде свој придонес во денешниот триумф (4:2) на Леванте над Бетис.

Македонецот го постигна вториот гол за Леванте на мечот од 32. коло. За Барди ова беше четврти гол во сезоната 2019/20.

Тренерот на домашниот состав во 64. минута го повлече Барди од игра за да го зачува за следните предизвици.

Леванте по денешната победа се наоѓа во средишниот дел на табелата во Ла Лига и со речиси обезбеден опстанок.

Back to top button
Close