Барди за некој ден се враќа во репрезентацијата

 Единствениот од 26-те повикани македонски фудбалери за настап на Европското првенство кој имаше позитивен тест на коронавирус, Енис Барди, наскоро ќе се приклучи на соиграчите од националниот тим.

– Барди е добро. Со нетрпение го очекуваме неговиот негативен тест по што ќе се приклучи на останатите фудбалери. Се надевам дека тоа ќе биде за брзо време, веќе во следниве денови, соопшти денес Игор Ангеловски, селекторот на македонската репрезентација.

„Црвено-жолтите“ утре од 18 часот во Скопје играат со Словенија, а три дена подоцна (на 4 јуни) се среќаваат со Казахстан во двата контролни дуела пред патувањето на ЕУРО 2020.

Back to top button
Close