Барселона е во преговори со Де Јонг за нов договор
Спортскиот директор на Барселона, Деко, се надева на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Френки де Јонг.
– Во преговори сме со Френки. Уверен сум дека ќе постигнеме договор. Тој е важен фудбалер за нас. Мислам дека е среќен во Барселона, а и ние сме среќни со него.Значи, не мислам дека ќе има никакви проблеми, изјави Деко за француските медиуми.
Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец има тековен договор до летото 2026 година. Тој одигра три натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.