Барселона и Нејмар се договорија, завршија сите судски спорови

– Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона и нејзиниот поранешен напаѓач, Бразилецот Нејмар, се спогодија околу четирите судски спорови што двете страни ги водеа неколку години.

Каталонскиот клуб денеска штуро соопшти дека вонсудски е потпишан „пријателски договор“.

Двете страни водеа судски спор околу договорот што Нејмар го имаше со Барселона, а шпанските медиуми пренесоа дека клубот барал отштетата од Бразилецот во износ од 16 милиони евра, додека фудбалерот барал да му бидат исплатени околу 50 милиони евра.

Нејмар настапуваше за Барселона од 2013 до 2017 година, кога премина во редовите на ПСЖ.

Back to top button
Close