Баша му порача на Рама дека ништо не може да ја запре народната коалиција против него

Лидерот на Демократската патија Љуљзим Биша, во име на обединетата вонпарламентарна опозиција, по изгласувањето на уставните измени од страна на албанскиот парламент, со кои се укинуваат изборните коалиции, оцени дека „половичниот парламент гласал во интерес на Рама“ и додава дека „ ништо нема да ја спречи народната коалиција против оваа влада“.

-Денеска, половичното Собрание на Албанија повторно покажа дека не е водено од интересите на граѓаните, туку е само ученик на политичките интереси на Еди Рама. Премиерот во заминување и неговите подредени денеска го прегазија интересот на граѓаните. На граѓаните не им се даваат целосно отворени листи, затоа што Еди Рама го отфрли нашиот предлог а ги укина и коалициите со што не се согласуваме, рече Баша изнесувајќи го ставот на обединетата опозиција.

Додаде дека во половичниот и нелегитимен парламент(не се целосно пополнети пратеничките места од кои се откажаа пратениците од обединетата опозиција), Еди Рама и неговите подредени ги изгазиле законите, го прекршиле Уставот, ја згазиле историјата.

-Никогаш досега во нашата 30-годишна историја на плурализам Уставот не е изменет еднострано и без консензус со опозицијата. Никогаш порано во овие 30 години правилата за изборниот процес не беа поставени единствено од владејачката партија. Тие беа консензуален производ, и покрај тешките политички ситуации што ги поминавме за три децении,иајави Баша.

Посочи дека никогаш досега во последните три децении, еден премиер толку брутално не го ставил „својот личен интерес над интересите на сите Албанци“.

-Рама сака да ја земе Албанија како заложник за да се спаси себе си. Рама сака да ја земе во заложништво европската иднина на Албанците,со цел да ја сочува својата премиерска фотелја. Затоа што како што стори до денес, Рама ја сака Албанија само заради неговите лични интереси. Но, нема да успее – рече Баша.

Претходно реагираше претседателот Илр Мета за кого „ денешниот чин на еднострана измена на Уставот е неуставен и неприфатлив“.

Според Мета Еди Рама денеска го повикал албанскиот народ на историско соочување и му порача дека „Албанците ќе одговорат со албанштина до крај“.

Back to top button
Close