Баша реизбран повторно за претседател на Демократската партија на Албанија

Претседателот на најголемата опозициона Демократска партија на Албанија Лулзим Баша , на вчерашните внатрешартиски избори за нов претседател на партијата , освои над 8о насто од гласовите на членоството, така што стана по трет пат претседател на најголемата деснилчарска партија во земјата .

Баша  освои над 32 илјади гласови од вкупно  41 илјади членови колку што излегоа на гласање , додека неговите други четири против кандидати освоија многу помалку гласови . Инаку вкупниот број на членови во Демокарстака партија е околу 75 илјади , но по поразот на партијата на јунските парламантарни избори ,  бројот на членовите на најголемата опозициона партија е видно огорчен од поразот , оценуваат  албанските медиуми . Претседателот на партијата Лулзим Баша изјави по победата дека  опозицијата во Албанија ке продолжи со своите активности за да ја собори владата на социјалистите на премиерот Еди Рама бидејки како што рече јунските избори остануваат да бидат проблематични бидејки тие се изманипулирани . Тој одби да ја  коментира  одлуката на САД за прогласување на персона нон грата на Сали Бериша за кој се тврди во Тирана од страна на аналитичарите дека токму  Бериша  ја контролира актисноата на Баша .

На внатрешартиските избори гласаше и поранешниот лдиер на оваа партија и екс пратеедател и премиер Сали Бериша, кој деновиве беше пропгласен за персона нон грата од страна на САД. Тој изјави дека останува да биде активен во политиката , ке биде повторно пратеник на ДП но исто така не ја сикчучи можноста да застане и на чело на партијата .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close