Башеле ја повика Русија да соработува во истрагата за Навални

– Високиот комесар за човекови права на ОН, Мишел Башеле, денеска ја повика Русија да спроведе или да соработува во целосно независната истрага за недвосмислениот заклучок на Германија дека опозицискиот лидер Алексеј Навални бил отруен од нервниот агенс Новичок.

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, беше изваден од медицинската кома и исклучен од респиратор, соопшти вчера берлинската болница „Шарите“.

Како што оттаму беше наведено, состојбата на Навални е подобрена и тој реагира кога некој ќе му се обрати.

„Бројот на случаи на труење или други форми на целни убиства на сегашни или поранешни руски граѓани, во рамките на самата Русија или на странско тло, во последните две децении се длабоко вознемирувачки“, се наведува во соопштението на Башеле.

-Во претходните инциденти не беа спроведени соодветните правни постапки, што резултираше со речиси целосна неказнивост во Русија, изјави нејзиниот портпарол Рупер Колвил на брифинг во Жeнева. сд/

Back to top button
Close