Башким Бакиу: Јас сум тука за на Скопје да му ја вратам еднаквоста, развојот и гордоста
Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Град Скопје, Башким Бакиу, во интервју за „PressOnline.al“ истакна дека приоритетите на неговата програма се враќање на довербата на граѓаните, модернизација на јавниот превоз и подобрување на услугите во јавните претпријатија.
„Скопје не е само Центар и Карпош. Скопје е и Чаир, Сарај, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров. Многу населби се заборавени со години, со помали буџети и помалку инвестиции, а со сè повеќе проблеми,“ изјави Бакиу.
Како три главни приоритети тој ги посочи:
• враќањето на довербата на граѓаните во Градот Скопје, особено по мандатот на Данела Арсовска;
• модернизацијата на јавниот превоз преку проектот Bus Rapid Transit, со кој ќе се поврзат и општините каде живеат Албанци;
• соработката со идниот Совет на Градот Скопје за реализација на конкретни проекти.
Бакиу вели дека јавните претпријатија ќе бидат раководени од професионалци од сите заедници, кои ќе работат за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.
Во врска со проблемот со чистотата во градот, тој најави зголемување на средствата за хигиена, воведување онлајн систем за пријавување на проблеми од страна на граѓаните и „нула толеранција“ кон негрижата.
„Големата разлика е што зад мене стои Владата на ВРЕДИ. Нашите министри и ресори се гаранција дека проектите за Скопје ќе добијат поддршка и реализација. Овој пат Скопје нема да бара, туку ќе го добие тоа што му припаѓа“ порача Бакиу.
Во пораката до скопјани вели: „Јас сум тука за на Скопје да му ја вратам еднаквоста, развојот и гордоста. Скопје не се дели, Скопје обединува“.