Башким Бесими е нов член на Советот на јавни обвинители

Јавниот обвинител Башким Бесими е нов член на Советот на јавните обвинители.

Од вкупно 12 јавни обвинители од републичкото Јавно обвинителство со право на глас на изборите одржани во петокот за Бесими гласале шест, додека останатите кандидати Наум Паноски добил четири и Ферат Елези два гласа.

Советот е составен од 11 члена, од кои по функција член е републичкиот Јавен обвинител, шест члена ги избираат јавните обвинители на непосредни избори и четворица членови ги избира Собранието.

Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор

Back to top button
Close